Развој со инвестиции во инфраструктурата

Bez autora
Jun 02 2013

Привлекувањето странски инвестиции, поддршка на локалниот економски развој, на енергетската ефикасност и одржливост и на регионалната интеграција, ова се приоритетите кон кои Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) ќе го насочи интересот при вложувањата во Македонија. Тие се дефинирани во новата стратегија на Банката за периодот од 2013 до 2016 година, а има цел да ја поддржи интеграцијата на Македонија во регионалните и глобалните пазари преку вложувања и други активности, особено преку засилена соработка со клучните партнери како што се Европската Унија и Европската инвестициска банка. Според процените на ЕБОР, економскиот раст во 2013 година се очекува да биде околу 2 отсто. Во слeдните години растот би можел да достигне 3 до 4 отсто, што ќе зависи од подобрувањето на глобалните услови и спроведувањето на структурните реформи во земјата.

Развој со инвестиции во инфраструктуратаПривлекувањето странски инвестиции, поддршка на локалниот економски развој, на енергетската ефикасност и одржливост и на регионалната интеграција, ова се приоритетите кон кои Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) ќе го насочи интересот при вложувањата во Македонија.

Тие се дефинирани во новата стратегија на Банката за периодот од 2013 до 2016 година, а има цел да ја поддржи интеграцијата на Македонија во регионалните и глобалните пазари преку вложувања и други активности, особено преку засилена соработка со клучните партнери како што се Европската Унија и Европската инвестициска банка.

Според процените на ЕБОР, економскиот раст во 2013 година се очекува да биде околу 2 отсто. Во слeдните години растот би можел да достигне 3 до 4 отсто, што ќе зависи од подобрувањето на глобалните услови и спроведувањето на структурните реформи во земјата.

ЕБОР, според новата стратегија, ќе продолжи да помага за привлекување и поддршка на странски инвестиции. Банката, исто така, ќе им помага на локалните компании и ќе промовира нивно вклучување во активностите на локалните самоуправи заради подобрување на квалитетот на услугите.

Во контекст на енергетскиот сектор, фокусот ќе биде на зајакнување на капацитетот на регулаторните тела и развој на обновливи извори на енергија преку проекти и политички дијалог. ЕБОР ќе помага и за понатамошно промовирање на енергетската ефикасност во приватниот и во јавниот сектор.

ЕБОР оценува дека македонската економија е помалку погоденa од глобалната економска и финансиска криза од многу земји во регионот. Сепак, влијанието на кризата во еврозоната беше почувствуван силно во 2012 година.

- Економскиот раст беше погоден од послабата побарувачка за извоз, особено од еврозоната, пониските странски директни инвестиции и домашната побарувачка. Сепак, Владата и централната банка успешно ја одржуваа макроекономската стабилност во изминатите неколку години. Фиксниот курс на домашната валута во однос на еврото се одржува, а девизните резерви остануваат на релативно добро ниво, што покрива четиримесечен увоз. Kраткорочните економски изгледи на Македонија, како и на другите земји во регионот, се многу неизвесни со оглед на моментната глобална состојба и изгледите за еврозоната - се вели во стратегијата.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik